Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Монако и Хутер ја продолжија соработката до 2027 година

4 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Ади Хутер останува тренер на француски Монако. Како што објавија од францускиот клуб, новиот договор на австрискиот специјалист е до 2027 година.

Хутер е тренер на Монако од јули 2023 година. Под негово водство, тимот одигра 60 натпревари, победувајќи 35 пати, ремизирајќи 11 пати и има 14 порази.

Монако моментално се наоѓа на третото место на табелата во Лига 1 со сериозни шанси да се бори за пласман и на самиот врв, што значи и место во Лигата на шампионите следната сезона.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ