Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛН: Германија минимално во Зеница, Холандија извади бод против Унгарија (ВИДЕО)

11 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По голема борба, репрезентацијата на Германија славеше со 2:1 на гостувањето во Зеница против селекцијата на Босна и Херцеговина во еден од двата меча во А-сегментот во Лигата на нации. Ундав со два гола за само 6 минути во првото полувреме им донесе предбност на Германците, но Босна не се предаде, одигра одлично второ полувреме и успеа да намали со голот на Џеко во 71. минута. До крајот БиХ се обидуваше да израмни, но не успеа.

Во вториот меч од А-сегментот, Холандија се спаси од пораз против Унгарија. Донмашните водеа од 32. минута со голот на Салаи, а Холандија остана со играч помалку во 79. минута, поради црвениот картон на Ван Дајк. Но и покрај тоа, „лалињата“ успеаја да погодат преку Дамфрис во 83. минута и да заминат непоразени.

Во Б-сегментот, Чешка рутински ја доби Албанија со 2:0, Исланд се врати од „мртвите“ на домашен терен против Велс играјќи 2:2, откако гостите имаа водство од 0:2.

Турција минимално со 1:0 благодарение на голот на Кавечи славеше над Црна Гора, додека Украина исто така минималнос о 1:0 ја победи Грузија.

Во Ц-сегментот Естонија денеска ја победи селекцијата на Азербејџанс о 3:1, а вечерва Словачка и Шведска одиграа 2:2.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ