Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

ЛК: Олимпијакос се посрамоти против Макаби на домашен терен

7 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Екипата на Олимпијакос на минимум ги сведе шансите за пласман во четвртфиналето на Лигата на конференции по поразот дома од Макаби Тел Авив со 1:4. Грчкиот гигант вечерва беше под нивото, нападот не функционираше додека одбраната катастрофална. Во првите 10 минути Макаби даде два гола, преку Захави и Шахар. Потоа намали Ел Каби, а за 1:3 на полувреме се погрижи Захави со својот втор гол на мечот.
Во 74 минута Перец ги постави конечните 1:4.
Ајакс и Астон Вила одиграа без голови, а мечот го одбележаа два црвени картони во финишот на мечот едниот за Гојер од Ајакс, другиот за Конса од Астон Вила.
Молде обезбеди предност против Клуб Бриж со 2:1, а Лил славеше победа од 3:0 на гостувањето кај Штурм Грац.
Вечерва играат Динамо Загреб-ПАОК, Макаби Хаифа-Фиорентина, Ројал Унион – Фенербахче, Сервет – Плзен.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ