Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Ливерпул подготвува трансфер „бомба“: Уште еден Јапонец на „Енфилд“

22 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Англиски Ливерпул скоро цело лето е неактивен на трансфер пазарот и ќе биде исклучително чудно доколку новиот тренер Арне Слот не добие ниту едно ново име во составот за следната сезона. Сепак, денеска се појави информација дека во редовите на „црвените“ веќе на големо се работи на еден супер-трансфер.

Според информациите, станува збор за Такефусо Кубо, фудбалерот на Реал Сосиедад кој е во преговори со Ливерпул. Јапонските новинари објавија дека Кубо е многу блиску до заминување во Англија, а веста е потврдена и од Островот.

Кубо според карактеристиките комплетно се вклопува во стилот на Слот и затоа ќе биде добредојден на „Енфилд“. Ако успее да се договори со Ливерпул, тој ќе стане шестиот Јапонец кој следната сезона ќе игра во најсилното национално првенство на Стариот континент и ќе му биде соиграч на Ендо, кој веќе е во црвениот дрес.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ