Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Лион го донесе најскапиот играч во клупската историја

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Лион продолжува да носи нови играчи, на кои веќе потроши речиси 84 милиони евра. Последен пристигна бразилскиот дефанзивец Абнер Винисиус (24) од Реал Бетис за осум милиони евра. Абнер потпиша договор со Лион до 2029 година, а неговиот поранешен клуб ќе добие 20 отсто од следната продажба.

Абнер Винисиус ја започна својата кариера во Бразил во Понте Прета пред да се приклучи на Атлетико Паранаенсе во 2019 година. Тој игра за Бетис од јануари 2023 година и забележа 45 настапи.

Пред неколку дена во клубот од Нотингем Форест пристигна сенегалскиот дефанзивец Муса Нихате (28) за 31,9 милиони евра, со што стана најскапиот играч во историјата на францускиот клуб. Белгискиот играч за врска Орел Мангала, кој минатата сезона беше на позајмица, беше купен за 23,4 милиони евра. Договорот на алжирскиот играч за врска Саид Бенрахма од Вест Хем е купен за 14,4 милиони евра, како и договорот на Мама Балде за шест милиони евра.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ