Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Јакин: Не заслуживме да испаднеме од Англија, не мораме веќе да се криеме против големите

7 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Репрезентацијата на Швајцарија изгуби од Англија во четвртфиналето и тоа на пенали. Швајцарците водеа, а потоа примија гол поради што играа продолженија и потоа пенали.
Не заслуживме да бидеме елиминирани. Но од друга страна, можеме да бидеме горди на тоа како го одигравме турнирот, од првата до последната минута. Ја направивме горда нашата држава“, изјави селекторот Мурат Јакин.

Швајцарија имаше супер настапи на ова ЕП, одигра 1:1 со Германија во групата, ја елиминира Италија со 2:0 во осминафиналето. Одигра реми и со Шкотска, а ја победи Унгарија со 3:1 исто така во групната фаза.
Не можеме повеќе да се криеме против големите тимови. Играчите се надминаа себе си. Ја победивме Италија, за малку и Германија, ако не ги сметаме пеналите немавме пораз на првенството“, додаде швајцарскиот селектор.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ