Поради посебни заслуги во името на државата, конкретно поради особен успех како селектор на фудбалската репрезентација на Англија, Герет Саутгејт доби титула Сер.
Тој е само четвртио предводник на Гордиот Албион кој се закитил со вака сериозна и престижна титула кога станува збор за Обединетото Кралство, а пред него тоа беа, Сер Волтер Винтерботом, Сер Алф Ремзи и Сер Боби Робсон.
На церемонијата на доделување на титулата Саутгејт беше заедно со многу други заслужи граѓани како на пример и олимпискиот шампион на 800 метри Кили Хоџкинсон.