Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Дон Карло и “кралевите“ ова го чекаа една година: Алаба денеска тренираше со првиот тим!

31 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

По точно една година откако доживе тешка повреда, вкрстени лигаменти, Давид Алаба одново е во тренажен процес со првиот тим на Реал Мадрид. Австрискиот стопер денеска за првпат по 12 месеци тренираше со своите колеги и се очекува наскоро да се најде на списокот за натпревари на Дон Карло Анчелоти.

Се разбира дека ова е голема вест за сите во Реал Мадрид ако се знае какви се проблеми имаше тимот по повредите на Дани Карвахал и Едед Милитао во изминатите неколку месеци.

Се разбира дека сега со Алаба дефанзивата на “кралевите“ е посилна а кога ќе се вратат Карвахал и Милитао и заедно со Ридигер, нема да има главоболки за Дон Карло.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ