Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Денеска на ЕУРО: “Лалињата“ фаворити против Романија, Австрија на мегдан со Турција!

2 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Денеска на програмата се последните два осминафинални меча од ова ЕУРО. Во Минхен од 18 часот се среќваат Романија и Холандија, додека од 21 часот во Лајпциг играат Австрија и Турција. Победниците на овие два меча ќе го дадат последниот четвртфинален дуел, останатите се знаат како што може да се види од “костурот“.

Секако дека “лалињата“ се фаворити на мечот со Романија, имаат поквалитетен состав, играчки кадар, традиција, историја, се што треба. Но на ова ЕУРО избраниците на Јорданеску покажаа фанатичност која не е својствена за некоја друга селекција, а ја имаат и големата поддршка од трибините.

Победникот од овој меч во 1/4 финалето ќе игра со победникот од дуелот Австрија – Турција. Е овде ќе биде вистинска „војна“, меч кој се игра во Лајпциг. Австрија можеби е во мала предност според формата, но Турција си е Турција.

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2024 – ОСМИНАФИНАЛЕ

МИНХЕН (18:00 Ч)

РОМАНИЈА – ХОЛАНДИЈА

ЛАЈПЦИГ (21:00 Ч)

АВСТРИЈА – ТУРЦИЈА


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ