Клубовите од Премиер-лигата треба да ги достават своите најнови финансиски извештаи до крајот на работниот ден на 31 декември, при што четири тима се соочуваат со нервозно чекање за да дознаат дали ги исполниле правилата за профит и одржливост, пренесува Мирор.
Челзи и Нотингем Форест, како и Евертон и Лестер кои се загрозени од испаѓање, се изложени на потенцијален ризик да им бидат одземени бодовите доколку се утврди дека забележале загуби поголеми од максимално дозволените 105 милиони фунти во лигата.
Сите 20 клубови добија рок до крајот на работата на 31-ви да ги предадат своите сметки за периодот 2023-2024 година и откако ќе бидат примени сите, сметководителите на лигата ќе се зафатат да ги разгледаат деталите.
Откако минатата сезона на Евертон и Форест им беа одземени бодовите, клубовите се во состојба на готовност и стравуваат од дополнителни последици.