Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Барса и Севиља „раскрстија“ засекогаш

7 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Нема застој во информациите кои се поврзани со Дани Олмо и Пау Виктор, на конто на тимот на Барселона, кој не успеа да ги регистрира двајцата и кои немаат право за настап до крајот на сезоната.

Ла Лига донесе одлука која што не оди во прилог на клубот, но и на двајцата играчи, а на тоа според каталонските медиуми кумувале неколку клубови.

На чело, со Севиља, која што покрај Атлетико Мадрид, и Атлетик Билбао, била најгласна во насока на тоа Барселона да не добие потребна докуемнтација, односно двајцата играчи да не бидат регистрирани.

Токму затоа, Барселона решава од сега натаму да ги прекине сите релации со Севиља како клуб, и да нема повеќе контакт на било кое ниво.

„Барселона одлучи во потполност да ја прекине соработката со Севиља. Клубот се одлучи на ваков потег, и во иднина нема да преговара ниту да соработува со овој клуб“ – пренесува Ел Мундо Депортиво.

 


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ