Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Баерн рутински со Фрајбург, Томас Милер е икона на гигантот од Минхен! (ФОТО)

1 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Баерн Минхен со 2:0 со рутинска игра успеа да славо над Фрајбург во меч од 2.коло во Бундеслигата. Па така сега момците на стратегот Винсент Компаи имаат два до два на стартот од новата сезона.

Баварците“ не блескаа, но затоа со сигурна игра не му дадоа шанса на гостинот да дојдат барем до шанса за било какво изненадување.

Кејн во 38.минута му донесе водство на својот тим од 1:0 од пенал. На 2:0 зголеми, во 78.минута, со фантастичен гол Томас Милер на кого ова му беше 150 – ти гол во дресот на Баерн Минхен.

Во судиското продолжение гостите промашија пенал.

Инаку овој меч влезе во историјата на “баварците“. Ова беше 710 меч на Томас Милер за Баерн Минхен, со што стана играчот со најмногу настапи за “баварците“ во нивната историја.

Претходно рекордер беше легендарниот голман Сеп Маер.

Со ова Милер станува икона на клубот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ