Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Англија без Сака за мечот со Финска, се враќаат Кејн и Грилиш

12 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Фудбалерот на Арсенал, Букајо Сака поради повреда го напушти тренинг кампот на репрезентацијата на Англија и се врати во Лондон на детални лекарски прегледи, пренесува „Би-Би-Си“.

Тој беше заменет во 51. минута од натпреварот со Грција во четвртокот од Лигата на нации, откако заработи удар во десната нога.

Капитенот Хари Кејн и играчот од средниот ред Џек Грилиш се вратија на тренинзи откако го пропуштија натпреварот со Грција. Инаку, Англија утре во Хелсинки ја пречекува Финска во рамките на четвртото коло во Лигата на нации од 18 часот.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ