<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Македонскиот ракомет остана без голем
работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар
Јовиќ.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а
последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ
тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го
водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Иако роден во Бјелина (БиХ), Јовиќ
половина живот го помина во Македонија, играјќи за најголемите клубови во
земјава, како и репрезентацијата на нашата земја, како натурализиран ракометар.
Играше во амбициозните Борец и Јафа Промет, а потоа и во Вардар, Металург и
Пелистер. За македонската репрезентација играше на Светското првенство во 2009
и Европското во 2012 година.</span>
<span style="font-family:"Arial",sans-serif">Како играч, Јовиќ беше дел од Металург,
Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит
од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.</span>