Поранешниот романски репрезентативец Кристијан Танасе (37) доживеал вистински пропаст.
Беше икона на Стеауа, во кариерата заработи милиони, а сега го издржува мајка му. Пороците му го уништија животот. Поради алкохолот и дрогата изгубил се што стекнал во кариерата. Сопругата го оставила и му забранила да се гледа со ќерката.
Танасе важеше за еден од најдобрите романски фудбалери. За Стеауа одигра повеќе од 200 натпревари и забележа 40 настапи за националниот тим. Настапуваше во Турција и Кина, заработи милиони и заврши без ништо.
Познатиот фудбалер сега живее вистински кошмар.
Тој беше во брак со Адина Марија, но парот се разведе откако добија ќерка. Премногу сакал алкохол и дрога и поради тоа останал без сите пари, сопругата го оставила и му забранила да го гледа детето.
Полицијата еднаш го запрела и го тестирала на дрога, бил позитивен на кокаин. Неодамна беше снимен како лежи без заби во ходникот на една зграда. Подоцна се правдал дека морал да го извади забот затоа што му се нишал.
Фудбалерот моментално нема приходи и живее во стан со својата мајка.