Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски: Украина ќе потпише безбедносен договор со ЕУ

27 јуни 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Зеленски во пост на платформата Х, пред неговото пристигнување на самитот на лидерите на ЕУ во Брисел, напиша дека договорот е важен чекор кон „историската цел на Украина за мир и просперитет во ЕУ“.

ДПА појаснува дека договорот меѓу ЕУ и Украина беше изготвен по неколкумесечни разговори меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за склучување на пактот за поддршка на долгорочната безбедност на земјата.

„Договорот за безбедност ќе ја зацврсти посветеноста на сите 27 земји-членки да и дадат на Украина широка поддршка, без оглед на какви било внатрешни институционални промени“, рече Зеленски, пренесен од германската агенција.

Прославувајќи го почетокот на преговорите за пристапување на Украина во членство кон ЕУ, Зеленски кажа дека на средбите со лидерите од ЕУ ќе им се заблагодари што „ја потврдија неповратноста на нашиот европски курс“.

Во договорот треба да бидат наведени сите постојни иницијативи на ЕУ, како што се обуката на украински војници, како и долгорочните обврски за снабдување на Украина со артилериски и воздушни одбранбени системи за да му се помогне на Киев против руската инвазија, додава ДПА.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ