Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Зеленски сериозно се скара со Орбан

18 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во таа прилика Зеленски изјави дека Украина е силна земја и дека тоа го покажала на бојното поле против агресијата на Путин.

„Кој друг во Европа има такво искуство? Никој. Дали Орбан има таква војска? Не. Како би извршил притисок врз Путин? Со шега, насмевка? Може да го задржи за себе“, тврди Зеленски.

Зеленски истакна дека на Украина ѝ се потребни директни односи со САД, без посредници.

„Премиерот Орбан, кој сака да постигне мир во Украина... знаете, некако, некаде...“ нема да успее. Нема да дозволам тој или луѓето како него да се занимаваат со тоа“, додаде украинскиот претседател, нагласувајќи дека тој зборувал за унгарскиот премиер, а не за унгарскиот народ кој ја поддржува Украина.

Да потсетиме дека тензиите меѓу Киев и Будимпешта ескалираа откако Орбан му се јави на Владимир Путин минатата недела.

Орбан тогаш рече дека ѝ понудил на Украина прекин на огнот и голема размена на воени заробеници за Божиќ, додавајќи дека Зеленски ја отфрлил идејата.

Самиот Орбан брзо реагираше на изјавата на Зеленски на Х.

„Нема да одговориме на ниту една провокација. Има предлог за прекин на огнот на маса. Земете го или оставете го. Тоа е ваша одговорност“, рече Орбан.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ