Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Маж и жена починале за неколку минути на Рајската плажа пред очите на шокираната ќерка

20 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Имено, средовечната двојка починала додека се шетале по познатата Рајска плажа, на неколку минути еден по друг.

Британската двојка починале, откако излегле од локалниот ресторан каде што вечерале со нивната ќерка и зет. Дејвид доживеал срцев удар додека се враќал во хотелот покрај плажата. Розалинд, која била сведок на тоа, доживеала страшен шок, поради што ѝ се слошило. Таа паднала покрај нејзиниот сопруг Дејвид.

Нивната ќерка Џули и нејзиниот сопруг д-р Дејвид Бекет пристигнале на местото на настанот само неколку минути подоцна за да ги најдат локалните жители кои се обидуваат да го оживеат 76-годишниот старец.

Дејвид Форстер и претходно имал проблеми со срцето, а кога доживеал инфаркт паднал во плиткото во морето. Обидите за реанимација на пензионерот траеле околу 30 минути, но на плажата била констатирана смрт.

Неговата сопруга Росалинда била пренесена во локална болница, но подоцна истиот ден била прогласена за мртва. Аутопсијата покажала дека Росалинда починала од аспирација на стомачната содржина во дишните патишта поради акутна шок реакција.

Двојката е по потекло од Њукасл, а последната деценија ја поминале живеејќи во Пул, Дорсет, пишува Daily Mail.

"Останавме да платиме ручек додека тие одеа по плажата за да се вратат во сместувањето. Ние буквално ги следевме до плажата, ги следевме со разлика од две-три минути. Тогаш ги видовме. Дејвид беше на грб, а тие го реанимирале, додека Розалинд ја држела друго лице додека била во несвест“, рече нивниот зет, д-р Дејвид Бекет.

„Реанимацијата траеше 30 минути, но немаше знаци на живот. Кај Дејвид беше констатирана смрт на лице место, а Росалинда беше префрлена во болница каде што почина“, додава тој.

Обдукцијата покажала дека Дејвид, на кого му бил вграден пејсмејкер, починал од срцев удар.

„Дејвид Форстер колабирал додека се шетал на плажа со сопругата. Тој паднал во водата и проголтал морска вода без да реагира, и покрај обидите да го реанимираат, починал на местото на настанот“, изјавил Брендан Ален, постар лекар од Дорсет.

„Розалинда Форстер виде дека на нејзиниот сопруг му се слошило, по што и таа колабирала и починала како резултат на аспирација на стомачната содржина во респираторниот тракт“, додаде тој.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ