Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Затворен е аеродромот во Катанија, откако еруптираа два вулкани во јужна Италија (ВИДЕО)

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Етна, еден од најактивните вулкани во светот, е исклучително активен во последните денови, а неговите ерупции го осветлуваат небото во близина на градот Катанија, додека Стромболи, конус на истоимениот остров, кој се наоѓа меѓу на Еолските острови во Тиренското Море, исфрла лава во морето.

Италијанската цивилна заштита издаде црвен аларм за Стромболи, предупредувајќи на можно влошување на ситуацијата. Министерот за цивилна заштита, Нело Мусумеци, рече дека плановите за евакуација на населението од Стромболи „се на готовност“. Противпожарната служба на островот двојно го зголеми бројот на дежурни пожарникари.

Околу градот Катанија, на источниот брег на Сицилија, жителите и властите почнаа да ги чистат улиците од вулканска пепел. Поради вулканската пепел, пистата на аеродромот е оневозможена и откажани се сите полетувања и пристигнувања на авиони.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ