Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Тибет спасувачите во текот на ноќта бараа преживеани по големиот земјотрес

8 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Преживеаните беа под дополнителна опасност бидејќи се предвидуваше дека температурите ќе паднат до -16 целзиусови во текот на ноќта.

Земјотресите се вообичаени во регионот, кој лежи на голема геолошка раседна линија, но земјотресот вчера  беше еден од најсмртоносните во Кина во последниве години.Земјотресот со јачина од 7,1 степени според рихтеровата скала, кој се случи на длабочина од 10 километри, според податоците на геолошкиот институт на САД, бил почувствуван и во непал и делови од Индија, кој е сосед на Тибет. Кинеските државни медиуми објавија дека земјотресот бил со малку помала магнитуда од 6,8 степени, што предизвикал „очигледни“ потреси. Во подножјето на Монт Еверест, кој ги дели Непал и Кина, округот Тингри е популарна база за планинари кои се подготвуваат да се искачат на највисокиот врв на светот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ