Претходно денеска беше објавено дека во тој напад биле убиени околу 20 луѓе, меѓу кои и деца, но активистите и владините претставници постепено почнале да откриваат повеќе луѓе кои биле убиени, пренесе АП.
Haiti gang attack leaves at least 70 dead - https://t.co/P2DLWJCIwQ
— Susan Jordan #FreePalestine 🇵🇸 (@Moonbootica) October 4, 2024
Портпаролката на Комисијата за дијалог, помирување и свест, Бертриде Харас, изјави дека меѓу жртвите има и млада мајка, нејзиното новороденче и бабица.
За нападот е обвинета бандата Гран Гриф, која дејствува во централниот регион Понт-Сонде, Артибонит и се смета за една од најбруталните банди на Хаити. Мотивот за овој напад се уште е нејасен.
Обвинителството на Хаити го окарактеризира нападот како „масакр“, а овој напад се случи речиси еден месец откако властите на Хаити ја проширија вонредната состојба на целата земја.
Вооружени банди контролираат многу делови на Хаити, а полициската мисија поддржана од ОН предводена од кениската полиција започна да делува во јуни во обид да се нормализира ситуацијата.
Гран Гриф се смета за една од најнасилните банди на Хаити, а во јануари 2023 година нејзините членови биле обвинети за напад на полициска станица во близина на Порт-Сонд и за убиство на шест полицајци.
Бандата се појавила откако поранешниот политичар од Хаити, Профан Виктор, почнал да вооружува млади мажи во областа за да обезбеди избор и контрола врз регионот Артибонит пред речиси една деценија, се вели во извештајот на ОН.