Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Франција во јуни зголемен бројот на напади врз новинарите

5 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

- Одговорност на Владата е да ја гарантира слободата на медиумите и да им овозможи на новинарите безбедно да ја вршат својата работа, се наведува во соопштението на ЕФЈ.

Платформата МФРР, финансирана од ЕУ, во Франција минатиот месец регистрираше 22 напади врз новинари, додека од почетокот на годината до крајот на мај забележани се 32 напади.

Со 54 напади врз новинари во првите шест месеци од годината, Франција е на петто место помеѓу европските земји, по Украина, Германија, Италија и Турција.

Поголемиот број од инцидентите регистрирани во јуни во Франција се вербални напади и закани на социјалните мрежи. ЕФЈ наведува и дека во јуни двојно е зголемен бројот на ксенофобични напади, 70 отсто од расно мотивираните инциденти се поврзани со француските избори.

ЕФЈ и нејзините француски филијали, исто така, регистрираа зголемување на бројот на инциденти во кои директно се вклучени властите – полициско насилство, произволни апсења, судски пресуди кои ги принудуваат новинарите да ги откријат своите извори./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ