Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Еквадор пронашле 6 тони кокаин, скриени во праткa со банани- вреди 224 милиони долари

16 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Откако ја пребарале пратката, полицајците заплениле 5.630 пакувања полни со бела материја која подоцна била позитивна на кокаин. Пратката била наменета за германскиот пазар, соопштија официјални лица, а нејзината вредност се проценува на 224 милиони долари. Властите уапсија пет лица поврзани со обидот за шверц на дрога, пишува Би-Би-Си.

Полицијата го пронашла кокаинот при рутинска проверка на контејнери во пристаништето Посорја, југозападно од најголемиот град во Еквадор, Гвајакил. Шверцерите криеле пакувања со кокаин под гајбите со банани.

Еден од уапсените е претставник на извозната компанија одговорна за пратката, кој подоцна на полицајците им ги дал имињата на четворица други осомничени. Меѓу нив се и управителите на плантажата со банани каде се сомнева дека во пратката бил ставен кокаин, како и возачот кој го однел контејнерот до пристаништето.

Еквадор стана главна транзитна земја за кокаин произведен во соседните Перу и Колумбија, а криминалните групи ги користат пристаништата на Еквадор за транспорт на дрога во Европа и САД. Минатата година еквадорските безбедносни сили заплениле повеќе од 200 тони дрога, главно кокаин. Во јануари, полицијата го пронајде најголемиот запленето во Еквадор - 22 тони кокаин - закопан во фарма за свињи.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ