Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Прв пат во историјата на Шпанија има кривична постапка против јавниот обвинител

17 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Јавниот обвинител Алваро Гарсија Ортиз стана првиот човек на функцијата кој е под истрага од страна на Врховниот суд на Шпанија поради сомневање за оддавање тајни на шефот на Јавното обвинителство, Анхел Валенсија Васкез, во случајот поврзан со партнерката, претседателката на Заедницата на Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо.

Алберто Гонзалес Амадор, партнерот на Ајусо, е осуден за две даночни измами и фалсификување на комерцијален документ, односно дека ја оштетил државата Шпанија за 350.000 евра.

Неколку часа по пресудата во март, шпански Мундо објави дека обвинителството му понудило на Гонзалес Амадор договор преку е-пошта.

Народната партија, чиј член е Ајусо, тогаш се обиде да тврди дека оваа понуда, која подоцна беше повлечена, е дел од политичка уцена против Гонзалес Амадор, пренесува Паис.

На 14 март, обвинителството во Мадрид издаде соопштение во кое објасни дека всушност адвокатот на Гонзалес Амадор се обидувал да постигне договор со Обвинителството повеќе од еден месец претходно.

Паис наведува дека вообичаена процедура е обвинетите да ја признаат вината, што го направил Амадор, во замена за намалена казна.

Ова соопштение за печатот, со кое Обвинителството имало намера да ги негира наводите на тимот на Ајусо за политичка измама, претставува кривично дело откривање тајна бидејќи вклучувало лични информации, тврди Гонзалес Амадор.

Кривичниот совет, исто така, се согласи да ја преземе истрагата против главната обвинителка на Мадрид, Пилар Родригез Фернандез, која наводно испратила информации до државниот обвинител за да го подготви соопштението за печатот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ