Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Во Австрија објавени конечните резултати од парламентарните избори, потврдена победата на ФПО

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Австриската народна партија (ОВП) освои 26, 3 проценти и е втора партија по освоени гласови, додека на трето место е Социјалдемократска партија на Австрија (СПО) со освоени 21, 1 отсто од гласовите. НЕОС доби 9,1 проценти, а Зелените – 8,2 отсто. Ниту една од малите партии не го помина цензусот од четири проценти.

Според освоените гласови ФПО има 57 пратеници, што е за 26 повеќе од минатиот мандат, ОВП освои 51 пратеник, што е за 20 помалку од минатиот состав, СПО има 41, што е за еден пратеник повеќе, Нова Австрија и либерален форум (НЕОС) освои 18 пратеници, тројца повеќе, а Зелените имаат 16 мандати, што е за 10 пратенички места помалку од минатиот состав.

На изборите учествувале 4.929.745 граѓани од вкупно регистрираните 6.346.059 гласачи односно одѕивот беше 77,68 отсто, а во 2019 година изнесуваше 75,59 отсто. 

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ