Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека Европската Унија почнала „економска студена војна со Кина“, додека лидерите на Унијата се подготвуваат за клучното гласање за воведување на царините за увоз на електрични автомобили од кинеско производство.
Орбан за унгарското државно радио кажа тоа што Брисел сега бара од своите членки да работат против Кина е „економска студена војна“.
Премиерот на Унгарија, кој ја предводеше акцијата да доведе кинески фабрики за производство на електрични автомобили и батерии во земјата, кажа дека Унгарија не сака да биде ограничена од кој било блок, туку дека сака да ја продолжи трговијата со сите страни.
Тој оцени дека ќе биде сè потешко да се продадат производите произведени во ЕУ ако светската економија се подели на два блока, како и дека е нејасно дали Унгарија може успешно да го продолжи спроведувањето на својата стратегија на „економска неутралност“.
Членките на ЕУ денес не го блокираа воведувањето на царини во следните пет години од страна на Европската комисија, во износ од 45 отсто на увозот на електрични возила од кинеско производство.