Денес во американскиот град Балтимор во сојузната држава Мериленд, мостот Френсис Скот Ки се урна во реката откако во него удрил контејнерски брод, кој потоа се запалил. На мостот имало неколку возила, кои по уривањето на мостот завршиле во реката.
Засега не се знае дали има загинати и/или повредени, но соопштено е дека најмалку 20 работници паднале во реката. Температурата на водата во пристаништето Балтимор е помеѓу 9 и 10 степени Целзиусови.
На дневна светлина, може да се видат остатоците од мостот што се штрчат над површината на реката, како и контејнерскиот брод Дали, кој удрил во мостот и предизвикал уривање.