Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ужас во Сеул: Најмалку деветмина загинати, кога автомобил влета меѓу пешаци (ВИДЕО)

1 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Шест лица починале на лице место, додека три биле пренесени во болница поради срцев удар и подоцна биле прогласени за мртви, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап.

Од четворицата повредени, тројца се во критична состојба, соопштија надлежните.

Несреќата се случила на раскрсница во близина на градското собрание во Сеул во 21:30 часот по локално време.

Автомобилот го управувал 68-годишен маж, кој на семафор налетал на пешаците.

Полицијата соопшти дека возилото се движело во погрешна насока, се судрило со две возила пред да се втурне во толпата.

Возачот е уапсен на лице место и пренесен во болница.

Тој тврди дека автомобилот забрзал и нема историја на возење во пијана состојба.

Полицијата ги истражува околностите на несреќата.

Претседателот Џун Сук Јеол им нареди на официјалните лица да вложат максимални напори за да ги спасат погодените и да им ја обезбедат потребната помош.

Џун издаде итна наредба до министерот за внатрешни работи Ли Санг-мин и началникот на противпожарните власти, изјави претседателскиот портпарол Ким Со-кјунг.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ