Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ужас во Германија: Тинејџери грабнале момче, го измачувале, па телото го оставиле покрај Рајна

12 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Телото на момчето било пронајдено во неделата наутро покрај реката Рајна, а полицијата уапсила двајца млади момчиња.

Според јавното обвинителство во Келн, осомничените наводно му се заканувале и го киднапирале тинејџерот околу 01:30 часот во неделата пред еден бар под закана со пиштол. Сведоците веднаш повикале полиција.

Неколку часа подоцна, околу осум часот наутро, истражителите го пронашле телото на момчето покрај Рајна.

Се сомнева дека момчето со арапско потекло било убиено за одмазда.

Билд пишува дека момчето неодамна сведочеле во судот во Келн против 20-годишниот осомничен. Засега не се знае дали во тој случај е вмешан и второосомничениот.

„Момчето беше убиено со неверојатна бруталност“, изјави истражителот за Билд.

Според Билд, и осомничениот и жртвата ѝ се познати на полицијата поради претходни прекршоци за дрога.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ