Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Уставниот суд на Грузија го отфрли барањето за поништување на резултатите од изборите

3 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Опозицијата смета дека изборите биле наместени и во последните денови организира проевропски демонстрации.

„Уставниот суд не ги прифати жалбите...со кои се бараше изборите од 26 октомври да се прогласат за неуставни“, соопштија од судот, прецизирајќи дека тоа е „конечна“ одлука.

Во Грузија од минатиот четврток секојдневно има протести поттикнати од одлуката на партијата Грузиски сон да ги одложи до 2028 година преговорите за пристапување во Европската унија, што е цел наведена во самиот Устав на земјата./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ