Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Кина забрани во САД да се извезува галиум и други ретки минерали, воведоа контрамерка

3 декември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Министерството за трговија во Пекинг најави итно прекинување на извозот на галиум, германиум, антимон и супертврди материјали во САД. Овие елементи се користат во технолошкиот сектор и за производство на муниција, пренесува Asia Financial.

Наредбата на Министерството, објавена во денешното соопштение, дојде еден ден откако САД ги проширија своите рестриктивни мерки против кинеската индустрија за полупроводници. Ова е трета ваква акција во последните три години, а вклучува извозни ограничувања на 140 компании, меѓу кои и производителот на опрема за чипови Наура Технолоџи Груп.

Експертите предупредија во август дека заострувањето на контролата на извозот од страна на Кина на клучните минерали потребни за производство на чипови може да предизвика глобален недостиг на полупроводници.

Од минатата година, Пекинг значително го намали извозот на галиум и германиум, два метали клучни за производство на компјутерски чипови со голема брзина.

Кина доминира во снабдувањето со двата метали, со најмалку 60% од глобалното производство на германиум и речиси 90% од глобалното производство на галиум.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ