Врвните функционери на Европската унија мора да бидат сменети бидејќи не заслужуваат втора шанса по претстојните избори за Европскиот парламент, изјави во петокот унгарскиот премиер Виктор Орбан.
„Има проблеми во Брисел, големи проблеми. Раководството на ЕУ не успеа“, им рече Орбан на приврзаниците во невообичаено краток говор од 15 минути, започнувајќи ја предизборната кампања на неговата партија Фидес за изборите на 6-9 јуни (кога ќе се одрат изборите за ЕУ).
Орбан рече дека европската економија е во опаѓање и исто така ја критикуваше политиката на Западот за поддршка на воените напори на Украина против руската инвазија, за која рече дека може да се прелее во поширок конфликт доколку ЕУ не го промени својот став.
Извор: <a href="https://www.reuters.com/world/europe/get-your-hat-leave-hungarys-orban-tells-eu-top-officials-2024-04-19">Ројтерс</a>