Москва смета дека употребата на вакви ракети, кои имаат дострел до 300 километри, е голема ескалација на конфликтот.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека системите за противвоздушна одбрана собориле осум балистички ракети заедно со 72 беспилотни летала. Тие додаваат дека „на овие акции на режимот во Киев, кои се поддржани од западните куратори, ќе се одговори со одмазда“, пренесе Си-Ен-Ен. Министерството извести дека овие проектили биле насочени кон регионот Брјанск, тврдејќи дека нема штета или жртви.
🚨🇷🇺 | RUSSIA CLAIMS DOWNING OF US-SUPPLIED ATACMS MISSILES
— F’Chkeel (@F_Chkeel) January 4, 2025
Russia says it shot down 8 ATACMS missiles and 72 drones, warning of hypersonic retaliation. The missiles, capable of deep strikes in Russia, could escalate tensions. No casualties or damages reported yet.
• AFP. pic.twitter.com/p1nOBzbsRZ
Руското министерство во соопштение наведува и дека уништиле неколку беспилотни летала во Ленинградската област на северозапад и еден во Курск, каде Украина изведе ненадеен напад минатото лето.
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден го овласти Киев да ја користи ракетата ATACMS во ноември, велејќи дека тоа е делумно одговор на вмешаноста на севернокорејските трупи во војната. Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе одговори на ракетните напади на Украина АТАКМС со употреба на новата хиперсонична балистичка ракета Орешник.
Минатиот месец Путин сугерираше дека таков проектил би можел да биде истрелан кон главниот град Киев, за да „се тестираат системите за противвоздушна одбрана што западот ѝ ги доставува на Украина“. Првото и единствено лансирање на ова експериментално оружје се случи на 21 ноември минатата година и беше насочено кон регионот Днепро.
Нападите со беспилотни летала на Украина ги принудија властите да воведат привремени ограничувања на аеродромот во Санкт Петербург, јави руската државна медиумска агенција ТАСС. Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, на Телеграм рече дека „денешната ноќ и утро биле рекордни по бројот на уништени беспилотни летала“, при што четири биле соборени над неговиот регион.
Украинскиот безбедносен функционер Андриј Коваленко изјави дека пристаништето Ленинград било цел, нарекувајќи го „инструмент за економски и воен опстанок на Русија“. Истовремено, во текот на ноќта од петокот кон саботата, Русија лансира вкупно 81 беспилотно летало кон Украина, соопшти командата на украинските воздухопловни сили, вклучително и иранските беспилотни летала Шахед.
Украина влегува во новата година во неповолна положба во војната што започна во февруари 2022 година, додека Русија напредува на источните фронтови.
Руското Министерство за одбрана утрово соопшти дека нивните сили ја презеле контролата врз селото Надија во источниот украински регион Луганск. Во Доњецк, центарот на Покровск е под зголемен притисок од Русија, бидејќи украинските сили го губат теренот јужно и источно од градот.