Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украински разузнувачи: Масакрот во Москва го нареди Путин, има и зошто

22 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Крвавиот напад во регионот на Москва е намерна провокација на режимот на Путин, за што беше предупредена меѓународната заедница, изјави вечерва портпаролот на ГУР на Министерството за одбрана, Андриј Јусов, во коментар за „Украинска правда“.

„Ова е намерна провокација на специјалните служби на Путин, за што предупреди меѓународната заедница. Тиранот од Кремљ со ова ја започна својата кариера и сака да ја заврши со истите злосторства врз сопствените граѓани“, рече Јусов.

Според извештаите на медиумите, вооружени мажи во камуфлажна облека отвориле оган во градот Красногорск, Московската област, во концертната сала Крокус Сити Хол пред концертот на групата Пикник. Медиумите јавуваат за најмалку 40 загинати и околу 100 ранети. Концертот беше распродаден, а се очекувало да присуствуваат повеќе од 2.000 луѓе. Од експлозијата на граната избувнал пожар во зградата, а покривот се урна, објави украински Интерфакс.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ