Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Украина тврди дека нејзините војници контролираат 1000квадратни километри од руската територија

13 август 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Украинскиот претседател Зеленски, во своето ноќно обраќање рече дека Русија мора да биде принудена да склучи мир, a бидејќи рускиот лидер Путин сакал конфликт затоа војната сега си ја донел дома. Зеленски рече дека руската област Курск, која сега ја контролираат, многу пати била користена за да се нападне украинскиот регион Суми, поради што додава дека е „апсолутно фер да се уништат руските терористи таму каде што се“.

„ Гледаме дека придобивката од ова е приближувањето на мирот. Русија треба да биде принудена на мир, особено ако Путин е така подготвен да се бори. Русија им донесе војна на другите, а сега војната им се враќа дома. Украина отсекогаш сакала мир и ние дефинитивно ќе обезбедиме мир. “Володимир Зеленски – Претседател на Украина .

Додека руските сили се уште се обидуваат да одговорат на ненадејниот украински напад во областа Курск по речиси цела недела жестоки борби продолжува евакуацијата на цивили од пограничните подрачја. Досега се раселени околу 100.000 жители кои се сместени центри за привремено сместување.

Овој украински напад врз Русија  е тактичко изненадување за Путин, кој сега ја плаќа цената од потценување на противникот, вели професорот Методи Хаџи Јанев. Тој вели засега не постојат индиции дека украинскиот поход на руската територија може да има посериозен стратешки пресврт во услови кога Киев мака мачи да ги задржи своите области на своја територија,

„ Со ова всушност потврдуваат дека магната на војната е жива и дека изненадувања и покрај голеата технологија и можноста за електроснско набљудување е можно да се направи и доколку се тоа се ефектуира и се поддржи од западот може да значи сериозен проблем за Путин, особено во амбицијата да стигне на што подобра позиција пред изборите во САД и во надеж дека ако победи Трамп ќе има подобра позиција за преговорите. “Методи Хаџи Јанев –  Универзитетски проф. по меѓународно право.

Вчера Путин вети „достоен одговор“ на нападот и им нареди на своите војници да го „избркаат непријателот“ од руска територија. Тој на седница на Советот за национална безбедност истакна дека со упадот во Курската област Украина се труди да ја подобри својата преговарачка позиција.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ