Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, гаѓани се 20 цели во таа земја.
Серија експлозии се слушнале во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.
Скај Њуз Арабија претходно, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Иран го известил Израел преку странски посредник дека нема да реагира на синоќешните израелски напади./МИА