Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Ученик со гест ѝ се закани на италијанската премиерка- Мелони шокирана од инцидентот

19 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Чинција Шакомобоно, директорка на училиштето „Риги“ во Рим, чии ученици присуствувале на седницата на Сенатот, за агенцијата Анса изјавила дека момчето ќе се соочи со дисциплинска постапка.

„Ќе преземеме дисциплински мерки. Не смеете да правите такви работи“, рече таа, додавајќи дека знае дека во училиштето има ученици, екстремни левичари, кои ја критикуваат владата, како и ученици од екстремната десница.

Мелони рече дека била шокирана од таквиот гест на учениците на денот кога пред 22 години екстремни левичари од организацијата Црвена бригада го убиле Марко Бјаѓи, експерт за реформи во трудовото право.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ