Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Цариници заплениле 15 килограма кокаин на аеродром во Токио

15 јануари 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Цариниците пронајдоа кокаин, со проценета улична вредност од 372 милиони јени (2,4 милиони долари), скриен во 15 кутии со бонбони во куфер на 25-годишен Канаѓанец.

Мажот, кој изјавил дека работи во градежната индустрија, пристигнал на аеродромот Ханеда од Торонто вечерта на 21 декември, кокаинот бил откриен при рутинска царинска проверка, а тој бил уапсен рано следното утро, се вели во соопштението.

Огранокот на токиската Царинска управа, Ханеда поднесе кривична пријава до обвинителите на 8 јануари, а обвинителите оттогаш поднесоа обвинение против него./МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ