Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тригодишно девојче од Флорида се убила од пиштолот на татко ѝ, го нашла дома и си играла

9 април 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Немилиот настан се случил во саботата попладне и во инцидентот таа се здобила со прострелна рана на десното око и итно била пренесена во Медицинскиот центар Ајнштајн, а потоа во детската болница Свети Кристофер каде била примена во критична состојба, објави Њујорк Пост.

Канцеларијата на медицинскиот оддел во градот Пенсилванија ја известила полицијата дека Кајден починала вчера околу 2:31 часот.

Маж бил приведен на сослушување во врска со пукањето, но набрзо бил ослободен, додека полицијата соопштила дека не планира да покрене обвинение против него. Полицијата не сакала да прецизира кој точно бил доведен на распит и дали се работи за таткото.

Како што пренесуваат медиумите, малото девојче успеало да го земе пиштолот на нејзиниот татко, кој не бил обезбеден.

За време на немилиот настан во куќата биле и двајцата родители, а полицијата не пријавила каде се случило пукањето.

Пукањето доаѓа еден ден откако друг татко од Филаделфија бил обвинет за ненамерно убиство, откако неговиот 3-годишен син се застрелал со пиштол. Илија Абреу Борген и уште едно дете си играле со полуавтоматскиот пиштол на нивниот татко во домот во Алентаун.

Таткото наводно излегол од собата додека децата си играле со оружјето.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ