Иако Трамп утре ќе биде именуван за претседател на САД, сè уште не е завршен изборниот процес. Откако поединечните држави ќе ги достават записниците од гласањето на колегиумите, обновениот Конгрес (исто така избран на 5 ноември, целосно за Претставничкиот дом и делумно за Сенатот) ќе има седница на 3 јануари, кога потпретседателката Камала Харис ќе го потврди својот пораз.
Три дена подоцна, Конгресот ќе го ратификува изборот на Трамп, чија инаугурација е закажана на пладне на 20 јануари, кога тој ќе положи заклетва пред претседателот на Врховен суд и официјално ќе стане 47-иот претседател на САД. Трамп претходно беше 45-иот американски претседател./МИА