Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Тинејџери запалиле хеликоптер во Русија: „Некој ни понуди 20.000 долари“

24 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Telegram“ каналот „Baza“ вчера објави видео на кое еден од тинејџерите признава дека упаднал во хелиодромот и го запалил хеликоптерот.

Двајцата тинејџери тврдат дека непознато лице кое ги контактирало на „Telegram“  им дало инструкции, им понудило 20.000 долари. Но, пораките наводно биле избришани, а 16-годишниците никогаш не ја добиле ветената исплата. Тие сега се соочуваат со обвиненија за тероризам и се во административен притвор од два месеци.

Ова е втор подметнат пожар на хеликоптери во Русија за еден месец. Претходно овој месец, „Baza“ објави дека хеликоптер на „Utair Airline“ бил запален на аеродромот Нојабрск во областа Јамало-Ненец.

Во тој случај приведени се двајца тинејџери на возраст од 13 и 14 години. Тие тврдеа дека некој им понудил 50.000 долари за да го запалат хеликоптерот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ