Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

ТикТок ги повика корисниците да бараат ос сенаторите да гласаат против забраната во САД

15 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Социјалната мрежа TikTok денеска испрати известување до некои корисници во Соединетите држави, барајќи од нивните сенатори да гласаат против нацрт-законот со кој ќе се забрани апликацијата во САД, освен ако кинескиот „ByteDance“ не ја продаде на друга компанија.

„Кажете му на вашиот сенатор колку ви е важен TikTok. Замолете ги да гласаат против забраната на TikTok“, се вели во известувањето, според Ројтерс.

Се додава дека ако Сенатот го усвои нацрт-законот, „иднината на заедницата TikTok што ја сакате може да биде згасната“.

Претходно оваа недела, Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство гласаше за одобрување на нацрт-законот кој му дава на ByteDance шест месеци да ја продаде апликацијата.

Ако не го стори тоа, TikTok ќе биде забранет во САД, според законот.

Белата куќа претходно најави дека Сенатот треба брзо да го усвои законот, а претседателот Џозеф Бајден посочи дека ќе го потпише.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ