Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Судот во Москва осуди Американец на 12 и пол години затвор

4 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Вудленд беше прогласен за виновен за обид за продажба на дрога во големи количини, пренесе Би-Би-Си.

Како што соопшти московското обвинителство, било утврдено дека Вудланд, „дејствувајќи во организирана група на 3 јануари 2024 година, по инструкции на организаторите, во шумска област, во парк, во градот Митиша, во Москва регионот, од скривницата одзел поголема количина на наркотична дрога мефедрон - 46,91 грама“.

Дрогата ја пренел во стан во Москва, каде што ја спакувал во 49 пакетчиња за понатамошна нелегална продажба.

Додека се обидувал да ја продаде дрогата, Вудленд бил приведен.

Роберт Вудланд (32) бил уапсен во Москва во јануари 2024 година.

Тој е роден во Пермската област и всушност бил регистриран таму, но живеел во Московската област.

Во 2020 година, Вудленд во интервју за „Комсомолска правда“ изјави дека во 1993 година бил посвоен од семејство од САД, а во 2020 година се вратил во Русија.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ