Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Судот на ЕУ денеска ќе пресуди за случајот против Мета во врска со заштита на податоци

4 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Судиите на Европскиот суд на правдата (ECJ) во Луксембург ќе разјаснат до кој степен личните податоци, вклучувајќи ги и сексуалната ориентација на корисникот, можат да се користат за рекламни цели.

Случајот го поднесе австрискиот активист за заштита на податоци, Макс Шремс, кој веќе доби две големи правни битки против Фејсбук кои го трансформираа разменувањето на податоци помеѓу САД и ЕУ.

Во актуелниот случај, Шремс поднесе жалба пред австрискиот суд за начинот на кој Фејсбук управува со неговите лични информации, вклучувајќи ја и неговата сексуална ориентација.

Австрискиот Врховен суд ги повика судиите во Луксембург да ја толкуваат Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR) на ЕУ.

Мета собира дигитални податоци на корисниците на Фејсбук кога тие посетуваат други веб-страници и апликации, што овозможува Мета да собира информации за персонализирани реклами.

Според GDPR, компаниите се обврзани да се придржуваат кон принципот на „минимизирање на податоци,“ што го ограничува обемот и времетраењето на користењето податоци за рекламни цели.

Дополнително, информациите за сексуалната ориентација на корисникот се предмет на посебна заштита според GDPR.

Шремс, кој јавно зборуваше за својата хомосексуалност на еден настан, се пожали за користењето на оваа информација за персонализирани реклами од страна на Фејсбук, како и други лични податоци без временски ограничувања. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ