Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Судија отфрли делови од обвинението против Трамп во случајот со изборите во Џорџија

13 март 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во отфрлањето на шест точки од кривичното обвинение против Трамп и другите обвинети, судијата на округот Фултон, Скот Мекафи образложи дека наводите на обвинителството не се доволно детално објаснети, пренесува Ројтерс.

Отфрлените делови од обвинението вклучуваат и три точки против Трамп, републиканскиот претседателски кандидат на изборите во ноември 2024 година.

Централниот дел од обвинението поврзан со рекетирање не е отфрлен и го товари и Трамп и другите кои учествувале во наводните криминални активности.

Одлуката на Мекафи доаѓа пред панелот со кој тој претседава, кој ќе одлучи дали да ја дисквалификува Фани Вилис, обвинителката од округот Фултон, поради романтична врска со адвокатот што го најмила да го води случајот.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ