Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Стотина припадници на Хезболах се повредени во израелски напад со експлозија на пејџери (ВИДЕО)

17 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Безбедносниот извор додава дека уредите експлодирале и во јужен Либан.

Наводно, уредите за комуникација детонирале откако биле хакирани од израелска страна.

Израел не го коментираше инцидентот.

Висок претставник на военото разузнавање и службеник од либанска група, исто така, за Асошиетед прес изјавија дека пејџерите што ги носеле членовите на Хезболах експлодирале.

Според АП, официјален претставник на Хезболах изјавил дека најмалку 150 луѓе, вклучително и членови на групата, биле повредени во различни делови на Либан кога уредите експлодирале.

Во соопштението од кабинетот на либанскиот премиер се вели дека биле информирани за „безбедносните инциденти што се случиле во неколку региони“.

Репортерот на Ројтерс видел амбулантно возило како брза низ јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут, среде голема паника.

Жителите велат дека експлозиите продолжиле и 30 минути по првичните детонации.

Меѓу повредените од експлозијата на пејџери има борци на Хезболах и медицински работници, според новинската агенција.

Групи луѓе се собрале пред зградите за да проверат дали има познаници кои можеби се ранети, изјави репортер на Ројтерс.

Извор од безбедносните служби изјави дека уредите експлодирале и во јужен Либан.

Израелската армија, која од октомври паралелно со војната во Газа разменува оган со Хезболах, веднаш не коментираше, пишува Sky News.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ