Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Португалија прогласи вонредна состојба во областите што се најтешко погодени од пожарите

18 септември 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Во земјата моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку седум лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана.

Авеиро беше меѓу најтешко погодените области, додека неколку големи пожари зафатија и други шумски области.

Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во Визеу.

Властите допрва треба да соопштат податоци за материјалната штета и бројот на евакуирани.

Португалскиот премиер Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарите и вети помош за погодените.

Останатите членки на Европската унија, Шпанија, Франција, Италија и Грција ангажираа по два канадери во Португалија, а помош во форма на четири противпожарни авиони пристигна од Мароко. Шпанската армија, исто така, испраќа 240 војници и возила од своите итни противпожарни баталјони во Португалија.

Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума.

Португалската национална гарда соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага. /МИА

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ