Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Средношколец загина екскурзија во Италија, наставничката не викнала доктор кога се пожалил

4 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Неговите родители се тажни и гневни поради загубата што ги снашла и сега решиле да упатат сериозни обвинувања против професорката која ги однела учениците на пат.

Тврдат дека наставничката ја прекршила должноста бидејќи не се јавила на лекар иако момчето било во лоша здравствена состојба.

Телото на момчето кое починало на екскурзија во Тоскана е испратено на обдукција, по што ќе се знае точната причина за смртта.

Момчето, кое било инвалидно, имало помош од помошник кој цело време бил со него за време на екскурзијата. Иако имал силни болки во грлото, тинејџерот многу сакал да оди на екскурзијата во Италија со своите пријатели.

За време на екскурзијата, неговото здравје нагло се влошило.

Неговиот татко вели дека цело време за време на екскурзијата бил во контакт со синот.

„Кога разговараше со својата сестра преку видео повик, таа забележа дека лицето му е светло црвено. Тој се пожали на болки во грлото и силна главоболка“, рече тој.

За време на посетата на Пиза неговата состојба толку се влошила што наставничката решила да го откаже патувањето, а потоа ги известила родителите на момчето.

Родителите велат дека побарале од наставничката да го однесе момчето на лекар или во аптека, но таа не го направила тоа. Наместо тоа, момчето било испратено во бунгалов да се одмори сам.

„Кога вечерта повторно се слушна со сестра му, едвај успеа да ги отвори очите. Тие беа целосно отечени“, вели неговиот татко.

Тој потоа додал дека околу 20:00 часот неговиот син му пратил фотографии и тоа било последното нешто што го добил од неговиот син. Утрото им се јавила наставничката и ги известила дека синот им починал.

Семејството на момчето го обвинува училиштето и наставниците дека ја занемариле својата должност за надзор и сега бараат строга казна.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ