Во необичен инцидент, градоначалникот на Сабаналарга, во колумбиската област Атлантико, остана без панталони.
Хозе Елиас Чамс посетил локална образовна институција, која го прославувала својот 109-ти роденден. За време на говорот се случи нешто неочекувано, а снимката стана вирална на социјалните мрежи.
Чамс ѝ се обрати на публиката и наеднаш ги загуби панталоните! Отпрвин беше збунет, очигледно му беше непријатно, но луѓето околу него брилијантно реагираа.
Градоначалникот со насмевка ја прифати несреќата, а потоа ја изговори следната реченица:
Останува за историја, ослабев осум килограми“.
Потоа, тој беше награден со громогласен аплауз, пренесува „Лакале блу радио“.