Vreme.mk - Дознај на Време.

Свет

Сопругата на „Монструмот од Авињон“ му дозволи на судијата да ги објави снимките од силувањата

7 октомври 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

„Ова е уникатен случај, немаме еден доказ за силување, туку стотици. Жизел смета дека овој шок е неопходен, така што никој од обвинетите не може да каже: „Не знаев дека е силување“. “ изјави адвокатот Стефан Бабонеу, пишува АП.

Жизел (71) стана симбол на борбата против сексуалното насилство во Франција и инсистираше судењето да биде јавно, против предлогот на судот. Мајката на три деца и баба на седум деца, храбро се откажа од правото на анонимност и јавно го опиша страшното предавство што нејзиниот сопруг го извршил во периодот од 2011 до 2020 година.

Со помош на својот правен тим, таа побарала снимката да биде прикажана и на јавноста, бидејќи сака случајот да послужи како национален пример.

Огромното мнозинство од обвинетите ја негираат вината за силување, додека некои од нив дури тврдат дека нејзиниот сопруг ги принудил на секс со Жизел, на што се согласиле бидејќи биле преплашени.

Некои од мажите обвинети за силување тврдат дека верувале дека таа се согласила на сексуален однос или дека согласноста на нејзиниот сопруг била доволна.

Адвокатскиот тим посочува дека материјалот е од исклучителна важност во продолжението на судскиот процес и дека тој „говори сам за себе“.

Судијата Арата ја сменил својата претходна одлука дека снимката ќе се прикажува само во одредени случаи и зад затворени врати. Досега новинарите и јавноста мораа секој пат да ја напуштаат судницата, за време на прикажувањето на видео снимките.

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ